fbpx
38.8 C
Skopje

ГОЛЕМА ДИЛЕМА ПРЕД КРАЛЕВИТЕ: Стигна понуда од дури 95 милиони евра, на потег е Перез

АКТУЕЛНО

Герет Бејл постигна два голови на гостувањето кај Виго, но тоа на Кралевите не им беше доволно за триумф. Натпреварот заврши со реми 2:2, со промашен пенал.

Шпанските медиуми тврдат дека на адреса на Реал Мадрид пристигнала понуда за брзиот офанзивец Герет Бејл и тоа од далечната Кина. Се очекува Велшанинот да го напушти Мадрид, но кариерата да ја продолжи на Островот.

Сепак, Guangzhou Evergrande денес пратиле понуда до Реал од друи 84 милиони фунти (95 милиони евра) за Бејл, а сега преостанува да видиме дали самиот играч и Кралевите ќе ја прифатат оваа понуда.

Дон Балон тврди дека Флорентино Перез потврдил дека пристигнала понуда, но исто така и дека не е заинтересиран за преговори со челниците на кинескиот клуб.

28-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 15 натпревари за Реал, постигна седум голови, докажа дека може да биде од помош за тимот кога игра, иако тоа беше доста ретко.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -