fbpx
13.8 C
Skopje

Голема среќа неделава ќе ги тресне од земја овие хороскопски знаци!

АКТУЕЛНО

ОВЕН

На работното место ќе има сè повеќе случувања. Не само на тема работни задачи, туку ќе се активираат и случувања поврзани со меѓучовечките односи, условите на работа, услугите кои ги давате или добивате. Некои ќе бидат пренатрупани со работа. Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадат. Ако сте во врска може да дојде до заемно заведување кое може да се претвори во фестивал на еротика. Среќен ден: Среда

БИК

Во текот на оваа седмица ќе се смири вашиот приватен живот. Најпосле ќе можете да разговарате со другата страна поотворено иако и понатаму ќе го одмерувате секој збор. Подобрувањето ќе ве охрабри повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе почнат да се додворуваат. Ќе пробувате разни опции на работење кои може да ви донесат заработувачка. Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе ви донесе одредена радост, нема да ви биде досадно. Среќен ден: Вторник

БЛИЗНАЦИ

Многу убави љубовни прилики ќе се нижат во вашиот приватен живот така што понекогаш нема да знаете што да одберете. Насочете се кон она што го сакате, анализирајте ги своите очекувања, па ќе знаете правилно да постапите кон сè и секого.

Оние што бараат работа може да бидат повикани на разговор кој ветува. Не е исклучено да ја добијат работата. Оние што се веќе во работен однос ќе бидат склони кон покажување емоции на работното место, или во својата работа вистински ќе уживаат. Среќен ден: Недела

РАК

Aко сте уште сами и барате љубов, веројатно ќе мечтаете. Ова се денови кога повеќето од вас ќе пребираат понекои стари љубовни чувства или ќе читаат меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да ви биде досадно, но нема да биде ни сензационално. Силата и уверливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да делувате на другите. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете повеќе одошто сте очекувале. Среќен ден: Понеделник

ЛАВ

Не очајувате, бидејќи немате премногу лош став кога негативните трендови се во полна сила. Што и да се случи, знаете дека сте доволно способни да се излечите. Во љубовта, добро ви оди оваа недела. Само така продолжете. Внимавајте на настинки. Среќен ден: Четврток

ДЕВИЦА

Каде и да одите ќе забележувате дека многумина ве гледаат пријателски. Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па ова се денови кога лесно можете да најдете друштво. Ако сте уше сами, немојте да седите дома.

Оние што се во врска ќе бидат среќни и исполнети, а нивниот љубовен живот богат. Ќе работите без притисок, но ефективно. Ќе бидете вредни и подготвени да помогнете секаде каде што треба. Некои колеги ќе ви се чудат затоа што не се навикнати да ве видат во такво издание. Среќен ден: Петок

ВАГА

Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и по малку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за сè и сешто и тоа ќе ве исполнува двајцата.

Оние што сè уште сами ќе бараат исклучиво личност од соништата. Откако можеби сте морале да ја наведнете главата, ќе препознаете дека доаѓа време за борба. Сè повеќе сте подготвени јасно и гласно да го изразите својот став, а ако се согласува некој со него вие ќе изнесете и аргументи. Среќен ден: Среда

СКОРПИЈА

Помеѓу вас и саканата личност секој ден ќе има сè повеќе размена на идеи, разбирање и согласувања, а довербата ќе порасне. Ќе бидете задоволни среќни затоа што е така. Оние што сè уште сами ќе остварат контакт на културно поле. Во темите поврзани со вложувања, спонзорирање или недвижности ќе дојде до затегнување, а вие сето тоа ќе мора да го согледате, проанализирате и да донесете одлуки кои ќе ги насочите кон понатамошниот тек на збиднувања. Среќен ден: Сабота

СТРЕЛЕЦ

Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толеранција, дипломатија и трпение. Токму од тие особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни дозволете и на другата страна и таа нешто да води. Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот умор, вие полесно ќе работите. Среќен ден: Четврток

ЈАРЕЦ

Вашата хедонистичкa природа ќе стане малку поскромна, а вие на некој начин обични. Барем кога се работи за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракциите, ќе успеете да уживате во мали, обични ситуации.

Тоа е зрелост, било на парот, било на личноста како единка. На дневен ред доаѓаат недовршени работи од минатото. Некои од нив во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со носталгија или со лутина. Среќен ден: Вторник

ВОДОЛИЈА

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои сè уште бараат сродна душа така би можеле да наидат на љубов, додека оние во врска секој ден сè повеќе ќе откриваат колку се убави и добри малите работи. Сепак, немојте да реагирате на критиките од страна на саканата личност. Вашата голема желба да преземете нешто и овојпат ќе ви даде крилја. Среќен ден: Недела

РИБИ

Преокупирани сте со домот и семејството и подготвени сте да се борите до крај. Оние во стабилни врски ќе го обноват еротскиот живот на разни начини. Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни во додворувањата и ќе одат до крај. Шефовите може да ја сменат својата тактика и ќе затегнат таму каде што најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе го поднесете. Среќен ден: Понеделник

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -