6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Голема трагедија: Откриен идентитетот на младото момче кое се удави во Охрид

Трагедија го потресе вчера Охрид кога играта и летните лудории се претворија во хорор, откако младо момче се удави по скок од педалинка.

Полицијата денеска информира дека во 13.10 часот во Полициската станица за Граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, спроти плажа „Магнус“, 20-годишниот В.А. од Куманово скокнал од педалинка во езерото.

По кратко време, телото на починатиот било извлечено од водата од страна на припадници на Црвен Крст.

Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави