fbpx
21.8 C
Skopje

Големите лидери спијат од четири до пет часа – Трамп лидер на листата

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека премногу работи, а ноќе спие само четири до пет часови. Милјардерот е познат по своите твитови кои ги објавува во доцните часови, но и навредувањето на Хилари Клинтон, во текот на предизборната кампања, каде ја исмејуваше нејзината потреба за спиење.

На почетокот од својот мандат, Трамп изјави дека е изненаден од „големината“ и да се биде претседател е едноставно „надреално искуство“.

„Морате да поминете преку сето тоа, затоа што има премногу работа“, изјави Трамп.

Тој истакна дека со доручекот, сака да чита весници и да гледа што се случува на телевизија. Тој изјави дека кога гледа телевизија, обично гледа лажни и неискрени вести.

Трамп својот недостаток на сон го опишува во книгата од 2004 година наречена „Мисли како милјардер“, каде зборува дека човек не треба да спие повеќе од тоа што му е потребно.

„Знаете дека не спијам долго. Сакам да спијам три, четири часа, а потоа морам да знам што се случува ново“, додава Трамп.

Американската медицинска академија за спиење препорачува најмалку седум саати спиење за возразни луѓе, помеѓу 18 и 60 години.

Сонот е од голема важност, заедно со здравата исхрана и редовното вежбање, со што допринесувате за спречување на зголемено ниво на холестерол, висок крвен притисок, дијабетис, срцеви болести.

Трамп изјави дека кампањата му била доволна вежба, а избегнува да пие кафе, чај и алкохол.

Недостатокот на сон е една од карактеристиките на големите лидери, како знак на сила и карактер. Наполеон Бонапарта на прашањето колку часови луѓето треба да спијат изјави: „Мажите шест, жените седум, а будалите осум“.

Бил Клинтон во една прилика изјави дека може да функционира со само четири или пет часови сон, а Барак Обама со шест.

На самитот Г20 во Австралија во 2014 година, Путин изјави дека му се потребни само чети часа сон.

Винстон Черчил во текот на Втората светска војна, спиел само четири часа, но имал и редовни одмори во текот на денот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -