fbpx
10 C
Skopje

Ѓорчев во Драч помага со голи раце: Глетката е тажна, мораме да помогнеме (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој инаку е татко на четири дечиња, отиде во Драч да помогне по катастрофалниот потрес од 6.4 степени по Рихтер.

– Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч.

Пратеникот Ѓорчев со овој потег уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело.

-Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините. Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед, напиша тој и сподели фотографии на Фејсбук.

Solidarity with Durres. Stay strong Durres! Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Tuesday, November 26, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -