fbpx
21.8 C
Skopje

Ѓорге Иванов упати честитка до новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ

АКТУЕЛНО

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов денеска упати честитка до новоизбраниот претседател на Република Србија.

„Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод Вашиот избор за претседател на Република Србија, како и да Ви посакам многу успех во извршувањето на оваа одговорна функција, стои во честитката.

Градењето добрососедски односи, регионалната стабилност и соработката, интегрирањето во Европската унија се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија. Верувам во заемната подготвеност за блиска соработка со Вас на овој план, за доброто на двете држави и народи. Традиционалното пријателство, историските и особено меѓучовечките врски се огромен потенцијал што треба со заеднички напори да го ставиме во функција на зајакнување на меѓусебната доверба и интензивирање на севкупната соработка“, се вели во честитката на Иванов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -