fbpx
32.8 C
Skopje

ВИДЕО: Ѓорге Иванов во посета на Америка – пред македонската дијаспора откри што ќе прави на 30-ти септември

АКТУЕЛНО

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов се наоѓа во Соединетите Американски Држави, каде на 27-ми септември ќе одржи говор пред Генералното Собрание на Република Македонија.

„Два пати ја добив довербата на граѓаните за да не дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име, да не прифаќам идеи и предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Не отстапувам од тоа мое ветување. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“, изјави Ѓорге Иванов.

Претседателот на Македонија порача дека тој веќе еднаш гласал и тоа пред 27 години, на 8-ми септември.

„Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од оние кои го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Не отстапувам од таа моја одлука. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, положив свечена изјава дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не отстапувам од таа моја заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“, додава Иванов.

Тој се заблагодарил за сета досегашна поддршка од дијаспората и изразил верување дека и во овој период на предизвици дијаспората ќе ја искористи секоја можност за да и помогне на Македонија.

ИВАНОВ ОД ДЕТРОИТ ПОРАЧА: ЌЕ ГО БОЈКОТИРАМ РЕФЕРЕНДУМОТ. Говор на Претседателот на Република Македонија г-ин Ѓорѓе Иванов во Детроит на македонскиот гала банкет организиран од Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон.

Posted by Macedonia Newspaper on Saturday, September 22, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -