fbpx
13.8 C
Skopje

Ѓорѓи Спасов: Ова што го направи полицијата со Ирена Ристиќ е срамота, време е за промени

АКТУЕЛНО

Статус на Ѓорѓи Спасов:

“Во одбрана на Ирена Ристиќ

Не знам што вистина се случило ама полицијата да постапи толку грубо и непрофесионално кон било кој што викал гласно и го реметел редот и мирот пред зградата на Владата е во најмала рака срамота па и застрашувачки. Ниту возела ниту била опасност по безбедноста на било кој. Кого вознемирила? И кој не можел да спие од нејзините познати шеги?

Време е некој да се позанимава со професионализмот и културата
на полицајците кои така постапувале кон неа. Во мемоарите на Моша Пијаде тој раскажува дека добил поплака од некој селанец кој бил уапсен само затоа што изнервиран од чекањето на колоната возила во која бил Пијаде рекол:” Ко је тај Пијаде је.ем ли га у д.пе”

По добивањето на поплаката Моша ведаш испратил писмо до локалниот шеф на полицијата со следнава содржина.” Твоја задача е да се грижиш за безбедноста на граѓаните а не да го чуваш моето дупе” Пуштете го веднаш човекот.

Изгледа некои од нашите полицајци, кои дури и не ја препознале глумицата Ирена Ристиќ, која се вложи искрено во промените, се уште мислат дека е најважно да чуваат нечие дупе. А време е за промени.”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -