fbpx
4.8 C
Skopje

ГОТОВО Е, Перез тргна по еден од најбараните: Пристигнува феноменално засилување!

АКТУЕЛНО

ГОТОВО Е, Перез тргна по еден од најбараните: Пристигнува феноменално засилување!

Реал Мадрид и по трети пат по ред, 13. пат вкупно се најде на врвот на светскиот фудбал. Во Киев во сабота совладан беше Ливерпул со 3:1, а веќе почнаа гласините за тоа дека Зинадин Зидан прави планови за наредната сезона. Герет Бејл, и покрај сјајната партија во финалето, е на излезни врати од Бернабе, дури и Велшанинот сам го призна тоа, а навивачите ги вознемири и Кристијано Роналдо. Имено, Португалецот после последното судиско свирче истакна дека е незадоволен во Мадрид.

“Сега ќе ужива, а дали ќе останам, ќе видиме. Беше прекрасно да се биде во Мадрид, ќе дадам одговор на навивачите кои се со поддршка за мене“. Со ова Роналдо веднаш го скрена вниманието кон него. Дали тоа значи опростување?
Сепак, Флорентино Перез работи на градење на тимот, а сега пристигнува веста дека претседателот на Кралевите е подготвен да го заврши првиот голем трансфер, а во прашање е стрелецот на Серија А Мауро Икарди. Сјајниот Аргентинец веќе некое време е на мета на европскиот првак, а Дон Балон тврди дека во игра за него е и Арсенал. Сепак, сигурно е дека топџиите немаат предност покрај големиот трошач Перез.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -