fbpx
18.7 C
Skopje

ГОТОВО Решена една од најголемите саги ова лето: Нејмаровата замена ќе ги воодушеви фановите на Барса!

АКТУЕЛНО

Барселона не спие! Веднаш по трансферот на Нејмар во ПСЖ, Каталонците тргнаа да ги потрошат милиони кои пристигнаа од неговиот трансфер.

Англиските медиуми пишуваат дека големата желба на Барселона, Филипе Кутињo, нема воопшто да отпатува со остатокот од екипата на Ливерпул во Даблин, а освен тоа во текот на вчерашниот ден Бразилецот не беше присутен и на тренингот.

Новинар од Ел Прат Еспорта, Алекс Родригез, тврди дека Кутињо е на чекор од Камп Ноу. По неговите тврдења според него, Ливерпул ќе добијат 100 милиони евра, а службеното претставување на фудбалерот се очекува веќе во понеделник. Шпансите медиуми пак тврдат дека во рок од 24 часа ќе биде објавено дека 26. годишниот фудбалер е нов член на Барселона. Спортскиот директор на Реал Сосиедад, Лорен, потврди дека денеска каталонците покажале интерес за доведување во своите редови и на Иниго Мартинез.

„Вистина е дека разговаравме со Барселона. Тие не контактираа за да ни прикажат дека се заинтересирани за Мартинез. Меѓутоа, до сега сеуште не сме примиле официјална понуда за него. Тоа е се што можеме да кажеме. Реал Сосиедад нема намера така лесно да го пушти да замине во друг клуб. Не сакаме да го продадеме.“

Сепак, каталонски “Спорт“ пишува дека Лорен потврдил дека Мартинезовата откупна клаузула е 32 милиони евра и доколку стигне таква понуда, а Иниго побара да замине, Сосиедад во таква ситуација не може ништо да направи. Се чини дека и тука се е решено. Останува да видиме…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -