fbpx
2 C
Skopje

Гаши одговори зошто немале македонско знаме на протестите, но не конкретно

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Јас сум роден во Скопје. Сите мои први комшии се македонци. Сум студирал тука, целиот живот сум го градел тука. Не ми е ни на крај памет да не се замарам со чувствата на македонците. Со нив сум израснал. Истовремено градиме заедничка држава бидејќи мислиме дека имаме заеднички работи, да направиме поголема хомогеност. Мене ми е жал што кога влегувате во политички процес, формирате партија, а пред вас 30 години ви ги руинирал позициите, не можете одеднаш да им наметнете нешто на граѓаните. Во моите пресконференции, во нашето седиште, на нашите официјални собири ние во мојата партија имаме државно знаме, го почитуваме, иако мислиме дека тоа знаме и химната не се донесени на начин на каков што е потребно.

Државните симболи мора да претставуваат сплотеност, мора оваа дебата да ја отвориме во иднината. Кога ќе завршиме со сите други процеси, мора да разговараме и за ова. Не можете да им наложите граѓаните какво знаме да носат на протест. Ние ги повикавме граѓаните, имавме најави дека некои луѓе сакаат да се вметнат на протестите и да изнесат знамиња на големи држави итн итн. Ова отвара една друга тема, ние сме во процес на формирање на Влада, треба да бидеме внимателни. Во однос на овие прашања, ова е тема која треба да биде отворена и треба сите да се залагаме да не ни се случува во иднина. Тоа доаѓа како резултат на една поголема општествено-политичка битка, рече Гаши на прашањето на новинарот Гоце Михајловски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Гаши во интервјуто не одговори конкретно зошто се негира македонското знаме кај албанските политички партии, а новинарот Гоце му укажа дека можеби македонското знаме го има и кај ДУИ, но таму во некој ќош кај што никој не го ни гледа.

Тој рече дека го прашува Гаши за овие прашања бидејќи се нудат различни концепти за мултиетнички соживот, иако тоа нешто не функционира во пракса.

Зборувајќи за 90-тите години, Гаши вели дека поради поголемо антиалбанство од Белград кое стигаше до Скопје, се претставувало дека албанците биле прикажани како ризик за државата, а тие барале само рамноправност.

Барањето за рамноправност на албанците беше гледано како ризик за државата од страна на македонците. После овие избори треба да седнеме сите лидери на политички партии, институти, новинари, да отвориме процес за модел кој ќе биде најдобар за функционалноста на државата. Ние треба да дефинираме да установиме во кој дел државата не ни функционира. Однос на баланс меѓу битните институции, Влада, Парламент, Претседател на држава. Јас сум уверен дека ако суштински не разговараме, ако сите заедно не дојдеме до решение кое ќе создаде функционална држава, тогаш јас не гледам друг начин за да ваква мултиетничка држава која влегува во рамките на преговорите во ЕУ, да биде подобра за сите нејзини граѓани.

На крајот од денот сите имаме исти проблеми. Зошто остана само коалицијата на АА и Алтернатива, зошто не се договоривте и со ДПА и со Беса?

Поради реални причини. Нешто што е многу нездраво кај нас во албанскиот политички блок, не се случува тоа спонтано, туку се случува постојано и тенденциозно. Вие знаете дека господинот Села беше дел од ДПА, јас бев дел од основачите на БЕСА. Поради недоразбирања дојде до раскол помеѓу нас и нив, затоа беше неприродно тоа спојување. Овде не станува збор за суети, туку до хипокризијата. Не можеме да победиме друг, ако сами меѓу себе не можеме да се договориме. Затоа сум убеден дека ни доаѓа помирен период, ќе пловиме во помирни води, а искрено да ви кажам не ми е сатисфкација да го победам ДУИ бидејќи не го гледам како достоинствен противник и покрај тоа што се силна партија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -