9 C
Skopje

Градот кој сите го напуштиле поради една причина: Го добил името поради планините во облик на пирамида

АКТУЕЛНО

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Николовски: 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме и спојуваме институциите

Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или...

За кого нема да важи задолжителното носење маска на отворено?

Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести. Измените на законот беа донесени со 53...

Собранието одлучи: Задолжително е носење на маска на отворено, забрането групирање по 22ч

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот,...

Во напуштениот град и понатаму стои најсеверната Ленинова биста на светот која што повремено ја обиколуваат поларните мечки и туристите кои што со свои очи сакаат да видат како изгледал градот кој што своето име го добил по планините во облик на пирамида.

Кој ќе го посети советскиот град Пирамиден, ќе помисли дека жителите на тоа несекојдневно рударско место на островот Шпицберген, брзале за да ги напуштат своите домови.

Исушени растенија на прозорците, ноти на клавирот… Како да чекаат некој да ги пролиста, се само некои од сцените кои предизвикуваат чудење кај посетителите.

Алат и опрема кои рударите секојдневно ги користеле и понатаму стојат таму каде што ги оставиле. Сцената која што ги дочекала првите посетители на овој град, по 1998-та година, ги навела да помислат дека сите жители едноставно под притисок престанале да се занимаваат со сето тоа што дотогаш го правеле и побегнале од градот.

Во Пирамиден, кој и понатаму стои како ништо да не се случило, помеѓу Норвешка и Северниот пол, може да се стигне со брод, тогаш само кога водата и мразот го дозволуваат тоа.

Напуштениот град е враќање во времето кога советската култура и архитектура биле на нивниот врв. Големи згради и кипови и понатаму го издаваат духот на некогашната СССР.

Приказната за импресивното воздигнување и мистериозниот пад на овој град започнува кога таму бил откриен рударскиот потенцијал Свалбард.

Во 1936-та година Советскиот сојуз стекнал право на користење на рудите во Пирамиден и соседниот Барентсбург, со кои управувала државната организација за произведување јаглен „Trust Arktikugol

На почетокот овој град бил успешно и убаво место за живеење, но по Втората светска војна Советскиот сојуз почнал да гради нови згради, вклучувајќи и болница, рекреативен центар, Културна палата со огромен мозаик…

Сите градби се во типичен советски стил, со заоблени рабови за да се почувствува остриот зимски ветер.

Во 80-те години на минатиот век, таму живееле над 100 илјади луѓе. Жителите биле распоредени во различни делови од градот, па дури имале и прекари: во „Лондон“ живееле мажите кои што биле осамени, а во „Париз“ немажените жени…

Рудниците во градот никогаш не дале голем профит. Кога Советскиот сојуз се распаднал, субвенциите станале многу скромни, а стандардот низок.

Завршниот удар се случил во 1996-та година кога се случила трагедија. На тамошната плажа се срушил авион од Москва со 141 патник – сите починале.

По несреќата, многумина од семејствата на починатите поднеле тужби против компанијата, а моралот на градот Пирамиден го достигнал дното. Несреќата довела до голема депресија, а набрзо потоа организацијата разгледувала да го затвори градот.

Во 1998-та година од рудникот бил изваден последниот јаглен, а околу 300 работници кои што сè уште живееле таму, воглавно мажи, започнале да си одат со чамци и хеликоптери.

Жителите на Пирамиден отсекогаш знаеле дека нема цел живот да го поминат таму, некои од нив имале двегодишен договор, а на некои остатокот од семејствата им бил во Русија.

Во ноември, непосредно пред големата зима од градот си заминале и последните негови жители. Работите кои што ги носеле и создавале веќе 50 години невозможно било да ги земат со себе, поради тоа некои од нив се сè уште таму, а благодарение на студената клима тие се сè уште сочувани – посетителите и денес одат таму да го видат градот кој што е заробен во времето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

СДСМ: Мицкоски и протестите за спас на неговата фотелја се опасност по јавното здравје

„Уште еден во низата очајни и лицемерни протести на Христијан Мицкоски кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец. Денес за струја...

Над 800 новозаразени во последните 24 часа: Направени се 2699 тестови

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28,...

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Штипската болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со коронавирус

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирус на кои им е потребно болничко лекување. Директорот на Клиничка болница-Штип,...

Никола Димитров се сретна со германскиот министер за Европа Михаел Рот

На панелот за проблемот со иселувањето на младите од регионот зборував со исклучителни млади луѓе, потпретседателката на ЕК за демократија и демографија Дубравка Шуица...
- Advertisement -