fbpx
18 C
Skopje

„Гранит“ и „Бетон“’ ќе го градат новиот Клинички центар во Скопје

АКТУЕЛНО

„Министерството за здравство во изминатиот период посветено работеше на реализација на еден од капиталните проекти во македонското здравство а тоа е изградбата на новиот клинички центар во Скопје. Денеска сакам со задоволство да и соопштам на македонската јавност дека двете најголеми македонски градежни комапнии „Гранит“ и „Бетон“ ќе го градат новиот клинички центар во Скопје во соработка со една италијанска компанија.

Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договор за изградба, а истовремено ги исполнува сите услови кои се предвидени на вака комплексни објекти. Изборот е направен врз основа на добивање на одобрување од страна на банката на Советот на Европа, по доставениот извештај за евалуација на понудите од страна на комисијата.

Со ова, ставаме крај на сите шпекулации и коментари дека овој проект е само празно ветување кое нема да се реализира. Ова е гаранција дека ќе изградиме комплетно нов клинички центар во Скопје, со кој поставуваме нов стандард за квалитетно здравство.

Вредноста на понудата која што е избрана како најповолна изнесува 4 милијарди, 441 милион, 431 илјада или околу 72 милиони евра. Вредноста на договорот е во рамки на предвидениот буџет и така е оценета од банката на Советот на Европа.

Потпишувањето на договорот за реализација ќе се изврши по доставување на валидна банкарска гаранција од страна на понудувачот за квалитет на изведбата во вредност од 10 % од понудата, како и комплетно завршување на сите административни процедури“, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -