17 C
Skopje

Грчките хотели пуштени во продажба како алва: Најевтиниот објект чини 160 илјади евра

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

На грчките интернет страници за продажба на недвижности може да се види исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, а најголем број од објектите се наоѓаат на Халкидики. Цените се неверојатни и почнуваат од 160.000 евра.

Хотелите во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија, но и на сите останати туристички места на северот на Грција може да се купат за многу ниски суми,а најевтиниот објект чини само 160.000 евра и се наоѓа во Врасна.

Овој објект има само четири апартмани, но од морето е оддалечен само 200 метри. Од 300.000 до 500.000 евра може да се купат објекти со дваесетина соби и базен. Исклучително поволен хотел се продава во Неос Мармарас за само 1,5 милиони евра. Хотелот има два објекти, 44 соби, рецепција, базен, преубав поглед на море и е делумно реновиран.

Поволни се цените на хотелите и во Полихроно. Еден од нив се продава за 2,1 милиони евра, има 41 соба, а е изграден во 1990 година. За 3 милиони евра може да се купи и понов хотел со 25 соби.

Тие што сакаат хотел на самиот брег ќе треба да издвојат 5 милиони евра. На самиот брег на полуостровот Касандра има нов хотел со 22 соби и чини 5,5 милиони евра.

Понов хотел на истиот полуостров со 28 соби се продава за 9 милиони евра. Поголем хотел со 130 соби на Халкидики може да се најде за околу 11 милиони евра, додека уште поголем објект со 150 соби е 1 милион евра поскап./Иновативност

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -