fbpx
-7 C
Skopje

Грчките црвени линии сè појасни: Нема решение без промена на Уставот и име за севкупна употреба

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Пратеникот на владеачката партија во Грција, СИРИЗА од регионот на Солун, Димитрис Мардас, смета дека сложено име со терминот Македонија за Грција е второто најдобро решение. Според него, без име за севкупна употреба и уставни промени нема решение на спорот. Тој вели дека било историски докажано дека македонска нација не постоела.

Господине Мардас постои силно чувство дека сега е време да се реши спорот за името, кој ја спречува Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ? Зошто е тоа така?

Најпрвин, коректниот термин е ФИРОМ, и првенствено ќе ми дозволите да го користам тој термин. Навистина време е да се реши тој проблем, бидејќи ние потрошивме многу време од 1992 година за да стигнеме до оваа позиција. Знаеме дека нашиот сосед го користи терминот Македонија од 1945 година. Ние веруваме дека тоа е погрешен термин кој се користи. Како и да е, вие знаете дека од 1945 година, шесте републики на Југославија го користеа тоа име и требало да се реши проблемот уште многу одамна. Ние не можевме да постигнеме решение до сега, но сега доаѓа време да го решиме проблемот и да најдеме веродостојно решение. Тоа е тоа што треба да го направиме.

Но, пред неколку години властите во Скопје го сменија Уставот за да ја уверат Грција дека немаме територијални претензии. Се смени и државното знаме тогаш. Прашањето е зошто ова не е доволно за Грција?

Да, бидејќи ние гледаме дека и покрај овие промени има уште некои прашања кои мора да бидат променети, знаете, за да биде редуциран националниот империјализам (н.з. иредентизам). Како и да е, како што знаете, ние ја имаме Привремената спогодба, каде што има членови за тој националниот империјализам и промените кои се однесуваат на Уставот, а имаме и еден дел кој се однесува на промените во образованието. Ние мислиме дека во тој контекст нашите соседи не го почитуваат тоа што го потпишале. Поради тоа ние треба да направиме повеќе реформи кои ќе се справуваат со Уставот, а потоа и со проблемот на образованието.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека неговата Влада е подготвена да прифатигеографска одредница на името Македонија. Грчката влада соопшти дека исто така е подготвена да прифати композитно име, сложено име. Дали сте оптимисти дека ова прашање може да се реши во скорешна иднина?

Јас сум оптимист дека сложеното име е второ најдобро решение. Тоа значи дека ние треба да воспоставиме еден збор кој ја вклучува Македонија, но на сложен начин, како што спомнавме. Но, како и да е, ова решение не се рефлектира врз историската реалност. Како и да е, ова е второто најдобро решение кое ќе ни даде веродостојно решение во име на мирот и во име на многу други прашања како економијата, културните аспекти и сите поврзани активности.

Еден од проблемите е ерга омнес или инсистирањето на Атина Македонија да направи промени на Уставот. Тоа е неприфатливо за македонската страна, според изјавите на официјални претставници во Скопје, бидејќи велат тоа е навредливо во сопствената земја некој од надвор како да се викате. Како може ова да се реши?

Ако тие веруваат во мир, тогаш треба да прифатат некои прашања кои, да речеме, се прифатливи за меѓународната заедница. На пример, фактот дека „ФИРОМ“ беше воспоставено како провизорно име во контекстот на Обединетите нации. Ова значи дека ние бевме во право. Секако дека има и други разни прашања кои велат дека имаат право на самоопределување, но ако овој принцип на самоопределување постои само за тој принцип, тогаш терминот ФИРОМ немаше да биде прифатен во Обединетите нации. Се надевам дека разбирате што мислам. Тоа значи дека покрај принципот на самоопределувањето има и многу други прашања кои се, јас би рекол, сериозни елементи, во корист на грчките тези. Затоа дојдовме до оваа позиција. Во врска со ерга омнес, доколку тие навистина веруваат во мир, ако немаат скриени намери, тогаш треба да прифатат ерга омнес во тој контекст. Инаку многу прашања ќе се појават со веродостојно решение.

Постојат многу други прашања во врска со идентитетот, јазикот… и тука велат е најголемиот проблем. Сметате ли дека покрај толку несогласувања сепак е можно решение? Дали сте оптимист?

Слушајте, најпрвин историски докажано дека не постои македонска нација и да започнеме од оваа точка. Во тој контекст треба за сè да разговараме. Но, мора да бидеме убедени дека тогаш кога ќе го сменат името, тоа ќе значи дека ќе треба да сменат, исто така, и многу други прашања кои се поврзани со националниот империјализам или што и да е друго. Во тој контекст, ерга омнес е нешто што е дел од ова определување, кое ќе го гарантира мирот во регионот без прашања кои можат да останат и да провоцираат какви било проблеми во иднина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -