16 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Грешката од 2014 година засекогаш ќе ме прогонува, но сега ми е полесно“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард, мислеше дека никогаш нема да си ја прости грешката од 2014 година која ја направи на натпреварот против Челси.

Ливерпул тогаш се бореше за титулата што ја чекаа уште од 1990 година и се чинеше дека конечно ќе го срушат проклетството. На „црвените“ им требаше победа против Челси, но на крајот „сините“ славеа по големата грешка на Стиви-Џи. Тогашниот капитен на тимот од „Енфилд“ во тоа време се лизна на средна од теренот, а тоа го искористи Демба Ба кој со брз спринт ја пренесе топката до шеснаесетникот на Ливерпул, а потоа лесно реализираше. На крајот, тој кикс се покажа како клучен момент за решавање на шампионот во Премиер лигата, која на крај и припадна на екипата на Сити.

Џерард призна дека тоа бил најболниот момент во неговата кариера и сметаше дека никогаш нема да се прости. Сепак, сега му беше малку полесно со оглед на тоа дека Ливерпул сигурно чекори кон првата титула по пауза од 20 години.

Доколку Ливерпул ја освои титулата оваа сезона ќе ми помогне да се чувствувам подобро. Кога минатата година ја освои Лигата на шампионите, се чувствував подобро и си реков себеси дека конечно навивачите се среќни. Никогаш нема да ја заборавам таа грешка, но сега ми е полесно да го гледам Ливерпул како игра и доминира. Тие се на вистинскиот пат да ја освојам титулата во Премиер, а јас ќе бидам најсреќен ако се случи тоа, изјави Џерард.

Извор: Курир

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.