fbpx
22.8 C
Skopje

Гроздановски: Во Христијанско братство имаме членови на СДСМ кои се против референдумот

АКТУЕЛНО

Опозицијата сака да го поддржи овој референдум, затоа ја играат оваа игра и ја добија поканата од СДСМ за влез во Владата, изјави Жарко Гроздановски од „Христијанско братство“ на денешното потпишување на меморандумот за соработка меѓу повеќе невладини организации и политички партии за бојкот на референдумот.

Како што рече Гроздановски, во „Христијанско братство“, членуваат и луѓе на СДСМ кои се против референдумот.

-Жалам што овде нема луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, затоа што во „Христијанско братство“ од 1.000 и кусур луѓе под заклетва има најмалку 200 лица од СДСМ кои не го поддржуваат референдумот и ќе гласаат против. Исто и на другите, за опозицијата. Сакаат да го поддржат овој референдум, затоа ја играат оваа игра и ја добија поканата од СДСМ. Имам само да им порачам не си играјте со Македонија и македонскиот народ. Ова било е и ќе си остане Македонија. Ако некој сака да го менува името, може само своето дома и на своето семејство, а не нашето. Топката е во ваши нозе. Како ќе играте таков одговор ќе добиете – рече Гроздановски.

Како што рече тој, неговата организација се потпишала на референдумот како аполитичка организација.

-Ќе се бориме како Македонци и лавови за овој референдум да не им успее. После нивниот неуспех овие потписи веќе нема да важат, да не излезе дека поддржуваме било која политичка партија. Стоиме само зад македонскиот народ во и надвор од Македонија. За овој референдум, што оваа власт го турка, можам само да им кажам дека нема да им успее. А начинот и играта тие ќе ја диктираат. Дали ќе не заплашуваат со притворање, информативни разговори, со такво нешто само контра ефект ќе се добие – порача тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -