fbpx
6.8 C
Skopje

Грција ја прошири листата на земји за кои се укинува карантинот

АКТУЕЛНО

За сите авионски пристигнувања во Грција од странство потребен е негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа пред патувањето, истото важи и за децата со наполнети пет години, а задолжителен е седумдневен карантин, освен за државјаните на земјите од конкретната листа.

Aвстралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Русија и Сингапур од денеска се на грчката листа земји за чии државјани се укинува задолжителниот карантин по пристигнувањето во Грција, под услов да имаат негативен ПЦР тест или сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Според новите авионски упатства од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, новите седум земји се додаваат на веќе постоечката листа од минатата седмица на која се и државјаните на земјите членки на ЕУ, на Шенген зоната, како и државјаните на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија и Израел.

Во истата одлука е и она што вчера беше објавено во министерската одлука, а го пренесе МИА, односно продолжена е и забрана за влез во Грција на државјани на трети земји, со исклучок на наведените 12 држави.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -