fbpx
10.8 C
Skopje

Грците му подарија чоколадна торта на Нимиц, а Коѕијас му запеа роденденска песна

АКТУЕЛНО

Посредникот на ООН во грчко македонскиот спор за името Метју Нимиц, кој денеска има роденден, доби чоколадна торта со свеќичќи и цреша.

Нимиц присуствуваше денеска на потпишувањето на договорот за новото име Република Северна Македонија, кој стави крај на деценискиот спор за името на додавката ФИРОМ и нејзино заминување во историјата.

Грците, кои беа домаќини на потпишувањето на договорот во Псарадес од грчката страна на Преспанското езеро, му подарија торта на Нимиц по крајот на официјалниот дел од настанот. Посредникот доби и музикална честитка, во која главен актер односно исполнител беше грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

“Оваа година кажав на семејството, дека не сакам подароци за роденден, бидејќи двајцата премиери ќе ми дадат голем подарок“, рече Нимиц во своето обраќање по повод потпишувањето на договорот.

 

ФОТО Коѕијас и Метју Нимиц

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -