fbpx
18 C
Skopje

Грците повторно плачат: македонските знамиња развиорени во Гелзенкирхен! (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Во моментот е полувреме на средбата која се игра во Гелзенкирхен помеѓу домаќинот Шалке 04 и ПАОК, реванш дуел од 1/16-финалето во Лига Европа.

Како што е познато, навивачите на Шалке, навивачката група „Уге“ е збратимена со „Комити“, па како и на секој натпревар и сега беа истакнати повеќе македонски знамиња.

За разлика од 2013 година, кога ситуацијата беше идентична, сега и покрај жалбите од Грција дека станува збор за провокација, полицијата воопшто не реагира и ги остави македонските знамиња на трибините.

Инаку, актуелниот резултат е 1:1, но Германците имаат убедливи 3:0 од Грција и речиси сигурно ќе се пласираат во следната рунда.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -