fbpx
12.8 C
Skopje

Груби: ДУИ се залага за унитарна Македонија

АКТУЕЛНО

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби порача дека Тиранска платформа не постои, всушност тоа е договор помеѓу албанските партии кој е потпишан во Скопје, а не во Тирана како што обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е напишана во Скопје, од страна на албанските парламентарни партии, таа изјава е за европска Македонија, Македонија еднаква за сите граѓани на Република Македонија“, изјави Груби.

Тој порача дека ДУИ не е за кантонизација, федерализација, ниту пак поделба или бинационалност, туку за унитарна држава.

„Одделните точки од заедничките изјави на албанските политички партии извираат од нашите изборни програми и на никаков начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат ниту федерализација, ниту кантонизација“, истакна Груби.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -