fbpx
10.8 C
Skopje

Груевски го прекина молкот и во моментов се обраќа во Собрание

АКТУЕЛНО

Во судот се врши притисок, обвинува екс премиерот Никола Груевски кој во моментов држи прес конференција во Македонското собрание.

Тврди дека судиите од Апелација не се согласуваат со првостепената одлука, но им се врши притисок за да ја потврдат затворската казна од две години за него.

Тој кажа дека сакаат да го затворат пред референдумот. – објави порталот Фактор

За утре е закажано продолжение на јавната расправа во Апелација за жалбата на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот. Првата расправа за оваа жалба се одржа во петокот, на која најголем дел се одлучуваше по бројните барања за изземање, прво на судечкиот совет, а потоа и на судиите.

Откако не помина барањето да се одложи седницата со образложение дека адвокатите се на друго судење, адвокатот на Ѓоко Поповски ги поднесуваше барањата за изземање.

Судечкиот совет во Апелација образложи зошто седницата не може да биде одложена и одлучи расправата да ја продолжи и без присуство на адвокатите на Груевски.Груевски и поранешниот заменик министер за јавни набавки во МВР добија затворски казни од 2 и шестипол години за набавката на луксузниот мерцедес.Од одлуката на Апелација зависи дали тие ќе станат правосилни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -