Овој наш собир е голем настан за Македонија. 15 октомври е денот кога ќе се одлучи нашите градови да добијат помодерен изглед, нашите луѓе да бидат побезбедни, 15 октомври е името на новата ера, новата љубов, новата возбуда и ПОБЕДА. ВМРО е родено од срцата на нашата нација која имаше визија и посакуваше најдобра иднина за Македонија и никогаш не се штедеше во пожртвуваноста за тоа. Ние сме претци на еден голем и велик пат. Има многубројни херои кои чекориле по овој пат, ние го продолжуваме нивниот пат. Денес сме горди на тоа што си стоиме на нашите ветувања затоа што ВМРО направи револуција во оваа земја, но не беше тоа револуција на демолирање и палење, деструкција и уништување. Направивме револуција со градење на нови патишта, направивме револуција поради многубројните проекти, отварање нови болници, училишта, фабрики, нови инвестиции и работни места за граѓаните на Македонија. Она што е важно е дека граѓаните ја гледаат реалноста и видливиот развој на секое поле. Нам тоа ни е единствено важно. А тоа е гласот на народот на Република Македонија, рече Груевски на завршниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“.
Тој додаде дека граѓаните на РМ заслужуваат подобро и дека тие се тука за да им служат на граѓаните за да понудат подобра работа во нивни интерес.