23 C
Skopje

Груевски не е доволно храбар да се повлече сам

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Пишува: Проф. Д-р Јове Кекеновски

По случувањата во Собранието на РМ многумина го видоа и се уверија во вистинското лице  на лидерот и лицето на партиската врхушка на ДПМНЕ и во тоа што јас и моите соистомисленици го говориме повеке години наназад. Многумина од нив се охрабрија и гласно побараа одговорност и оставка, но тоа за жал не допира до нивните уши, а на нив ниту на крај памет им паѓа да си дадат оставка. Ова раководство нема никаков кредибилитет да изврши реформи затоа што тоа всушност одамна ја реформираше ВМРО ДПМНЕ од демократска во антидемократска партија. Од партија на народот во партија на фамилијата и врхушката, од чесна и патриотска во криминална и партија на лажни патриоти, од партија кој обединува во партија која разединува. Се додека Груевски и останатите негови соработници и соучесници се во врвот на партијата од реформи ке нема ништо. За нив реформа е како да се остане на позицијата и како лично да се спасат и да поминат со помала одговорност за сторените зла и криминал, а притоа непречено да си ги трошат украдените народни пари. Што се однесува до повлекувањето од функцијата претседател јас воопшто не верувам дека Гуевски самиот ќе се повлече. За тоа е потребно храброст. Нему сеуште му е потребна партијата и полтроните во неа на Груевски од претседателската функција за лична заштита и спас. Секој негов поминат ден на функцијата претседател на партијата значи чекор поблиску до нејзино самоуништување. На ваквите личности отсекогаш партијата им служела како параван за реализација на личните цели и интереси.

Проблемот на ВМРО ДПМНЕ не е во партијата односно во членството туку во персоните кои раководат со партијата од највисоко до најниско ниво. Со нивното заминување односно нивно разрешување и исклучување од партијата, партијата има сили, мок знаење и кадри која ке ја реформирааат во современа десничарска партија, која ке ги обнови сите контакти и ке си ги врати позициите како на домашен така и на меѓународен план. Во ВМРО ДПМНЕ постојат чесни и доблесни членови на ВМРО ДПМНЕ кои досега не потклекнаа под притисоците на натрапничкото раководство и размислуваат со своја глава. Тие се вистински патриоти и пример како Македонија се сака со срце и отворен ум, а не со сервилно и слепо почитување на наредбите на оние на кои местото  одамна им е резервирано во македонските зандани, онаму каде што со години лежат неправедно осудени политички неистомисленици во монтирани политички случаи.

ВМРО ДПМНЕ нема надворешни непријатели. Непријателите на партијата, граѓаните и на државата се во редовите на партиското криминализирано раководство. Срамно и жално е сопствените граѓани да се манипулираат со евтини и провидни игри од страна лидер кој е избран на приватна забава (наводен Конгрес). Членството не треба повеќе да дозволи и понатаму да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси.

Голема партија како ВМРО ДПМНЕ има многу квалитетни кадри за функцијата претседател на партијата, но сакам да потенцирам дека никој од овие кои сега се во Извршниот и Централниот комитет, во раководставата на ОК и МК на партијата како и сите оние кои биле сервилни и слугувале на партиската врхушка немаат никаква шанса ниту да помислат, а не да се обидуваат да лобираат да станат лидери на партијата во иднина. Членството мора да знае дека Колку побрзо Никола Груевски си замине (да се разреши) од лидерската позиција на ДПМНЕ толку подобро за ВМРО ДПМНЕ. Тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомпромитирани личности кои учествувале во обезличувањето на партијата и кои заради сопствени лични интереси измеќаруваа на фамилијата се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Нивната вина е иста како и вината на нивниот вожд.

За да отпочната реформите во партијата потребно е членството на ВМРО ДПМНЕ да не потпаѓа и понатаму под директивите и налозите на криминалната структура и да бие туѓи битки. Време е членството да побара да се понесе одговорност за стореното зло. Членството не смее да дозволи ВМРО ДПМНЕ да се става во заложништво, а уште помалку нашата држава Република Македонија.

Новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ треба да биде човек со интегритет и авторитет, демократ и патриот исполнет и докажан во својата професија. На Македонија и на ВМРО ДПМНЕ не и е потребен неизживеан и суетен лидер кој лаже и манипулира 24/7. Не е потребен лидер кој допрва ќе трага по славољубие или пак лидер кој ќе седи дома во папучи пред ТВ и ќе дава наредува да се извршувааат неговите монструозни наредби.  Потребен е одлучен и лидер кој држи до својот даден збор, а не лидер кој едно ќе зборува кога е гладен и пред да дојде на лидерската позиција, а сосема друго кога ќе се засити односно прејаде по доаѓањето на функцијата. Потребен е лидер кој ке биде свесен за својата моќ и кој нема да се одушевува на простачките и тетарски ,,јунаштва” на сопартијците и лидер ослободен од омраза кон политичкиот конкурент.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -