fbpx
20.8 C
Skopje

Груевски: Нема да се појавам на јавната седница на судењето бидејќи сакаат незаконски да ме стават во затвор

АКТУЕЛНО

Грубо ми е нарушено правото на одбраната, а адвокатите побараа поместување за само еден работен ден. За продолжението на седницата, утре, Среда, моите адвокати се ангажирани за друго судење. Јас имам ангажирано адвокатски тим кој само ако заеднички дејствува може да биде ефективен. Вака, екс премиерот Никола Груевски зборуваше на денешната прес-конференција.

Сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот, во предмет во кој сум влијаел да набавам автомобил за државата, во кое сум сакал да се возам и јас. Ги прашувам јавно: Каде се милионите и милијардите за кои што зборуваа?

Груевски на својата прес-конференција објаснуваше дека ова што се случува во апелациониот суд, каде без ниту еден адвокат бил држен цели 11 часа, за да се исполни наредбата до судиите кои треба да одлучуваат, е затоа што некому му пречел и дека тој ден порано пред референдумот треба да биде осуден.

Некој се потрудил да одбере судии или се должни кон власта на СДСМ или уценети. Ако тие судии не се уценети, сами би се иземале и не би се доведувале до ваква непријатна ситуација. Се има граници. Кога до целта треба да се дојде без да се бираат средствата не може да стане збор за слободно судство. Заради сето ова, јас одлучив, ниту јас, ниту моите адвокати да не се појавуваме на апелациониот суд на јавната седница. Ако толку не можат да издржат политички притисок, еве им можност и без мене да донесат пресуда каква што сакаат да донесат.

Ова се политички процеси и тие треба да знаат дека ова лудо време ќе помине брзо. Народот ќе си ја врати власта во своите раце. Очигледно е дека моето и присуството на моите адвокати во судницата не може ништо да промени. Судиите се уценети и политички мотивирани спротивно правните факти. Има донесено политичка одлук

Грубо ми е нарушено правото на одбраната, а адвокатите побараа поместување за само еден работен ден. За продолжението на седницата, утре, Среда, моите адвокати се ангажирани за друго судење. Јас имам ангажирано адвокатски тим кој само ако заеднички дејствува Сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот, во предмет во кој сум влијаел да набавам автомобил за државата, во кое сум сакал да се возам и јас.

Ги прашувам јавно: Каде се милионите и милијардите за кои што зборуваа?

Груевски на својата прес-конференција објаснуваше дека ова што се случува во апелациониот суд, каде без ниту еден адвокат бил држен цели 11 часа, за да се исполни наредбата до судиите кои треба да одлучуваат, е затоа што некому му пречел и дека тој ден порано пред референдумот треба да биде осуден.

Некој се потрудил да одбере судии или се должни кон власта на СДСМ или уценети. Ако тие судии не се уценети, сами би се иземале и не би се доведувале до ваква непријатна ситуација. Се има граници. Кога до целта треба да се дојде без да се бираат средствата не може да стане збор за слободно судство. Заради сето ова, јас одлучив, ниту јас, ниту моите адвокати да не се појавуваме на апелациониот суд на утрешната јавна седница. Ако толку не можат да издржат политички притисок, еве им можност и без мене да донесат пресуда каква што сакаат да донесат.

Ова се политички процеси и тие треба да знаат дека ова лудо време ќе помине брзо. Народот ќе си ја врати власта во своите раце. Очигледно е дека моето и присуството на моите адвокати во судницата не може ништо да промени. Судиите се уценети и политички мотивирани спротивно правните факти. Има донесено политичка одлука за овој случај. Мене не ме суди судот, туку политиката. Секој човек, секој судија, секој професионалец остава траг зад себе. Тоа зависи од неговата стручност и подготвеност за ризици. а за овој случај. Мене не ме суди судот, туку политиката. Секој човек, секој судија, секој професионалец остава траг зад себе. Тоа зависи од неговата стручност и подготвеност за ризици.

Мислите дека вака ќе ме елиминирате, вака само ќе ме направите поголем. Ниту една пресуда, ниту едно незаконско ставање во затвор, нема да ја избрише меморијата на граѓаните за делата кои сум ги направил за оваа држава. Колку повеќе ме плукате, толку повеќе потсетувате за се што направив за овој народ и оваа држава. Некој незнаејќи како да излезе од кашата во која сам влезе, верувајќи дека со апсење ќе го заплаши народот, ќе испрати порака еве како завршуваат тие кои се за одбрана на националните интереси. Народот е најенергичен, токму кога ја гледа неправдата пред свои очи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -