fbpx
5 C
Skopje

Груевски: Ние сме сме партија на граѓаните на Македонија и гаранција за силна држава

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Шуто Оризари им порача на граѓаните дека тие се оние кои одлучуваат каква ќе биде Македонија по 15 октомври и дека тие ја носат одлуката за иднината на градовите и државата.

Груевски посочи дека моќта ја добиваат од народот на оваа земја, а нивната сила произлегува од нивната љубов кон народот и љубовта кон земјата. Ние, вели тој, сме партија на граѓаните на Македонија, и ние сме гаранција за силна Македонија.

„Во изминатиот период од 5 месеци видовме катастрофална економска политика од владата. Имаме преполовени капитални инвестиции од буџетот. Индустрија која оди надоле, градежништво кое  е уништено.Странски инвеститори кои размислуваат да заминат, а нови нема. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци кои ќе ги нема. Трошоци на живот кои секојдневно растат. Само во септември тие пораснале за 1,7 процент, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4,1 процент. Ова е сликата за денес. Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваат воздух и живот, ама така апстрактно, не суштински, баш како ветар и магла“посочува Груевски.

Обраќајќи им се на оние кои гласаат за СДСМ, Груевски ги повика да му се придружат на ВМРО-ДПМНЕ и напорите за обединување со цел посилна Македонија.

„Лицето кое е претседател на СДС не вреди, заслужувате подобро. Овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста, за развојот и напредокот на нашите градови и општини, за обезбедување на среќата и спокојството на вашите семејства. Не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во својата агенда. Тој нема љубов кон знамето и татковината“, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Заев добро знае дека нема капацитет и способност да превземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што тие досега го изградиле.

“Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија. Дури и соништата на овој човек не можат да нѐ стигнат, дури и неговите соништа се зад она што реално го нудиме. Тој е празен. Неговиот капацитет, неговата визија, не се доволни да го направат она што можеме ние да го направиме. Не може да ја сокријат вистината, нивната неспособноста, недостатокот на визија, недостатокот на соништа, реалните проекти и работата“ нагласи Груевски.

Тој нагласи дека локалните избори се можноста кога граѓаните ќе можат да му одржат лекција на Заев, која ја заслужува.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Огнен Јанески: Девојчињата и жените нема што неkому да полагаат сметkи за својата приватност

Фејсбук статус на Огнен Јанески Оваа држава отсекогаш функционирала во полза на криминалците, на девијантните, на опасните, наместо да се грижи за жртвите, за повредените...

Владата започна постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со...

Најнова вест: Британскиот сој на коронавирусот регистриран во Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека денес при при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика...

Раkoт вљубен и посесивен, таjни непријатeли саkaaт да му наштетат на лавот

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува успех во областите врзани со хуминитарна или уметнички дела. Бракот е стабилен. Брачниот партнер разбира дека...

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...
- Advertisement -