fbpx
21.8 C
Skopje

Груевски оствари средба со амбасадорите на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство, Кралството Шведска и Кралството Холандија

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир Ѓорчев остварија средба со амбасадорите на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство, Кралството Шведска и Кралството Холандија, Кристине Д. Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп.

На средбата се разговараше во поглед на актуелната политичка состојба, позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзино надминување.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори. Причината за нивно одржување е поради фактот што по изборите се случија голем број на работи, главно поврзани со Тиранската платформа договорена во соседна држава, кои не беа презентирани за време на изборите и голем број на граѓаните чувствуваат голема изборна измама.

Во однос на дебатата во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека она што во моментот се случува во Парламентот е користење на сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот. Ништо нема незаконски, и нема ништо што досега не се случило во минатото во Македонија, низ Европа и Светот, практично тоа е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го изразува револтот од прифаќањето и наметнувањето на Тиранската платформа, беше истакнато на средбата со амбасадорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше посочено дека она на што ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува е наметнување на платформа договорена во канцеларијата на премиер на соседна држава, каде има карта на Голема Албанија, каде се поканети сите партии на албанците од Македонија и заеднички ја договараат платформата која има многу спорни и контроверзни делови и истата ја соопштуваат. А Заев според кажувањата на сите инволвирани, но и врз основа на негова изјава истата е прифатена во целост.

Што се однесува во однос на разговорите со ДУИ за коалицирање кои следеа во месец јануари годинава, од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше  истакнато дека нема да се разговара за платформа која е донесена на етничка база во друга држава, по што разговорите се фокусираа на унапредување на користење на јазиците на немнозинските заедници во општините каде тие се над 20%..

Од ВМРО – ДПМНЕ беше посочено дека добро спроведените изборите во Македонија не треба да се инцидент, туку пракса, како што и всушност е. Резултатот кој го оствари ВМРО-ДПМНЕ по број на освоени гласови на последните избори е многу близок со резултатот на изборите во 2014та година што е најдобра негација дека изборите во 2014-та беа реални, поради што тие го бојкотираа парламентот, и ја оспоруваа неговата работа, беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека е потребен дијалог и дебата, во рамките на институциите за поместување на работите, и организирање на избори за излез од кризата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -