fbpx
12.8 C
Skopje

Груевски оствари средба со амбасадорката на Кина – Јин Лисјен

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со амбасадорката на НР Кина Јин Лисјен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања важни за Република Македонија како и соработката на економски план со Народна Република Кина.

„Од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека народот стана исклучително свесен за состојбите и се она што ни се случува во последниве две до три години. За многу од работите кои СДСМ сега ги прифаќа, за време на изборната кампања не обвинуваше дека ги лажеме граѓаните кога посочувавме дека тие тоа тие би го прифатиле. Не само што го одобрија тоа во што се сомневавме туку прифатија и пообемна палета на мерки сместени во една платформа направена во соседна држава објавени од тамошниот премиер, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека целта на сето ова треба да се оствари со помош на СЈО која има исклучително политички, а не правни цели. Се покажа дека СЈО се претвори во инструмент за политички прогон засега насочен кон ВМРО-ДПМНЕ, а во корист на СДСМ и оние кои стојат позади нив во целата оваа операција, но тоа народот го препозна и затоа е огромниот револт кај граѓаните. Истовремено политичкиот инструмент СЈО се насочи и кон притисоци на медуми кои не се под контрола на СДСМ, што е уште еден доказ за задните намери во нивното работење.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека Македонија е мултиетничка држава и имаше принцип кој се воведе најподржананата партија од партиите за кој што гласаат етничките албанци секогаш да оди во коалиција со најподржаната партија од македонците, со цел нивната волја да не се занемарува и гази. Ако заради остварување на некои етнички цели македонските или албансите партии започнат со непринципиелни договори и коалицирања меѓу победниците и поразените тогаш ќе се постави прашањето зошто воопшто се оди на избори и зошто воопшто македонците и албанците гласаат за својот фаворит кога мнозинството на граѓаните би останале занамарени.

Од ВМРО-ДПМНЕ на средбата со амбасадорката на НР Кина беше истакнато дека понудени се два можни излези од кризата. Едниот е да имаме предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори и во тој случај СДСМ ќе има можност пред своите избирачи да ги престави сите делови од Тиранската платформа и доколку тие дадат мнозинска поддршка на СДСМ тогаш тие ќе може да си формираат влада без никој да има забелешки. Второто решение е можноста која ја понудивме на СДСМ со цел да се избегне спроведувањето на Тиранската платформа, на СДСМ да се дадат на располагање сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивна малцинска влада. Тие до сега ова не го прифатија.

Соговорниците констатираа нагорен тренд на економска соработка меѓу двете држави што може да се забележи во повеќе сфери и области, и се постигна взаемна согласност дека потребно е дополнително искористување на расположливите потенцијали за зголемување на трговската и еконосмка размена“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -