fbpx
12.8 C
Skopje

Груевски: По кој член на деловникот е избран за претседател Талат Џафери?

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето на Топ Тема на новинарското прашање за реакциите на меѓународната заедница, одговори дека тие за него биле очекувани после снимките кои што излегле од Собранието.

„Секој би реагирал така. Тепаат пратеници, толпа народ. Тоа се очекувани реакции. Но кога ќе се погледнат добро фактите, ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, противуставно и е против деловникот начинот за избор на претседател. По кој член на деловникот на тој начин се бира претседател на парламент? Како може да очекува некој, да ако го погледне деловникот, да каже дека тоа било согласно деловникот, законот и Уставот. Ова беше фрагантно кршење на законот“, рече Груевски.

Груевски додаде дека ќе ги праша претставниците од меѓународната заедница, да кажат по кој член од деловникот, Талат Џафери е избран за претседател на Собранието.

Тој кажа дека чувствувал дека треба да го информира народот за моќта која сега ја има тој и ВМРО-ДПМНЕ, дека имаат ограничена моќ и дека ако некој реши да ја протурка платформата на сила, ќе ја протурка.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -