fbpx
1 C
Skopje

Груевски: Подготвен сум да одам во опозиција ако Заев ја прифати платформата на Ахмети! (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

Србија пред затворање: Ситуацијата во Ниш е на раб на катастрофа

Во Ниш и натаму расте бројот на заболени со ковид-19. Од вчера тестираните 679 материјали, според податоци на Домот на здравје, позитивни резултати добиле...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, беше гостин во ТВ НОВА каде што зборуваше за актуелната политичка состојба, преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но и за периодот пред изборите.

Груевски смета дека многу странски фактори влијаеле за резултатот на СДСМ, за кој вели, дека бил еден обичен инструмент во целата политичка игра.

Тој додаде дека е подготвен да отиде и во опозиција доколку СДСМ ја прифати платформата на Албанските политички партии.

„Како опозиција ќе направиме се што е во наша моќ да не се прифатат во Парламентот, барања, кои се штетни и за Македонците, но и за Албанците“, рече Груевски.

Груевски зборуваше и за барањето за двојазичност. Тој вели дека тие им кажале на ДУИ, дека барањето за двојазичност е нелогично, во држава во која Македонците се 65 отсто, а Албанците 25 отсто.

„Албанските граѓани претежно живеат во Западниот дел на државата, таму веќе имаат одредени права за употреба на јазикот, кога и претходно се одредени, како нешто што треба да го има“, вели Груевски во интервјуто на ТВ НОВА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие неможеле да разговараат за платформа која е потпишана и од други политички партии, која е потпишана во друга држава. Со платформата, како што вели самиот тој, се бара репреговарање на Охридскиот рамковен договор.

„90 проценти од нашите разговори со ДУИ беа за јазикот, користењето на албанскиот јазик. за кој што јас немам ништо против, ниту пак имам против албанците во Македонија“, вели Груевски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за Албанците е подобро да имаат вработувања, подобро здравство, образование, подобро земјоделие, поголеми плати, пензии, подобри можности за помладите. Тој вели дека сакаат да им помогнат и за употребата на јазикот, кога тоа ќе биде логично барање, а не со понуди кои ќе направат штета и проблеми на секојдневието.

Груевски имаше и јасна порака до ДУИ, доколку го прекршат принципот „победник со победник“, велејќи дека ако сега се наруши овој принцип, тој што ќе дојде во штабот да му бара коалиција по овој принцип, ќе го истерал на клоци.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака. На вработените...

По Задушница доаѓа големиот празник: Што треба да направи секој верник?

Прочка, кој доаѓа по Задушница, претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Празникот Прочка или Велики...

ОВАА ЗАГАТКА НИКОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА ЈА РЕШИ, А ДАЛИ ВИЕ ГО ЗНАЕТЕ ОДГОВОРОТ: Кое семејство од фотографијата е сиромашно?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ: Слика подолу Со оваа загатка ќе го тестирате Вашиот мозок и можеби ќе откриете дали би биле добар детектив. Па, кое од...

(Фото) Легнала да спие и никогаш не се разбудила а мислеше дека е само уморна

Шејла Ровел проговорила за своето страдање, откако нејзината 21- годишна ќерка отишла да си легне во кревет поради главболка, а не сфатила дека добила...

ТАЖНА ИСПОВЕД: На синот и снаата им дадов се, а тие ме оставија на улица

Живеам со мојот син и снаата во нивното лошо расположение. Им дадов сè, а тие ми го “собраа“ имотот откако почина сопругот. Сега ниту...
- Advertisement -