fbpx
10.8 C
Skopje

Груевски: Повеќе од 10 години зборував дека поддржувам референдум на кој граѓаните ќе мора да се изјаснат (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски периодов молчи односно не кажува свој личен став за и околу претстојниот референдум кој ќе се одржи во недела на 30 септември, а на кој граѓаните на Република Македонија ќе можат да се изјаснат на прашањето: „Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името?“

Иако во минатото поранешниот лидер на најголемата сегашна опозициска партија, дури беше извршител на функцијата премиер на држава, имаше јасен став дека доколку се донесе било какво решение, граѓаните ќе треба да го потврдат или одбијат на референдум, изминатиов период Груевски нема соопштено дали ќе го поддржи референдумот и како и дали и тој лично ќе излезе да гласа.


Денеска Тито Петковски ме прашува дали би се затвориле во парламентот и на седница да го решиме името. Да се затвориме во зграда и да решаваме во име на 2 милиони луѓе, тој филм Тито Петковски нема да го гледа. Може да има седница во Собрание, но потоа мора да има и друга седница, а тоа е седницата на која што ќе учествуваат 2 милиони граѓани на Република Македонија, велеше Груевски во еден од неговите говори дури беше премиер.

Во друг негов говор тој зборува како повеќе од десет години дава стандардна изјава а тоа е дека сакаат да отворат дијалог со Грција, дека сакаат да најдат компромис, но какво и да е решение тоа ќе биде ставено на увид на граѓаните на организиран референдум.

– Тоа го зборувам 10 години. Какво и да изнајдеме решение ќе биде ставено на увид на граѓаните на организиран референдум. Тоа го говорев во 2005, 2008, сега и во 2015 година. Тоа го говорам и во Македонија, но и за медиуми од други држави, вели Груевски во друга негова изјава.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -