6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Груевски: СДСМ сакаат да ме снема и да не се појавувам на настани, но не сум во можност да им ја завршам таа работа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со своите активности односно продолжува да се појавува на настани и да врши увид во владини проекти и покрај тоа што веќе нема никаква државничка функција. Тој денеска беше во посета на реконструираната зграда на Офицерскиот дом.

Дел од медиумите особено оној медиум кој го нарекуваат телевизија на Заеви во последните денови не зборуваат за проектите што ги правиме, за нешто што ќе им користи на граѓаните, туку го отвораат прашањето зошто и во кое својство се појавувам на настани. Сакам во оваа прилика да објаснам дека се појавувам во својство на претседател на партија која дава ветувања пред граѓните, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новинарско прашање.

Јас сум тој кој ги дава ветувања, кој застанува зад таа програма и го става потписот на таа програма. Јас сум тој кој оди по митинзи и на средби со граѓаните им ветува проект по проект, со рокови кога нешто ќе биде завршено и природно за секој одговорен човек јас да бидам тој кој ќе се грижи секој проект да се заврши навреме и така како што сме го ветиле пред граѓаните. Јас имам одговорност и оние кои сакаат да ги декрадираат нашите активности и да ја свртат темата за тоа зошто се појавувам, нема да им ја направам таа услуга и ќе продолжам сите оние проекти кои сме ги ветиле на граѓаните да ги следиме за да се завршат навреме и со квалитетот кој бил предвиден, вели Груевски.

Претходно, Груевски беше да изврши увид во градежните работи на патот за Сончев Град во Сопиште. Тој нагласи дека за СДСМ и нивните медиуми најдобро би било да го снема и да не се појавува, но не е во можност да им ја заврши таа работа.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави