11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

Груевски си го барал пасошот, од ОЈО го пратиле во СЈО

Eкспремиерот, Никола Груевски, побарал од Јавното обвинителство на РМ, судот да му го врати пасошот, но од таму му рекле дека не се надлежни и за тоа барање да се обратат во СЈО.

Ваквата реакција на ЈО е спротивна од случајот со Сеад Кочан, кога Обвинителството на Зврлевски се прогласи за надлежно да го застапува предметот пред Врховниот суд, од ЈОРМ.

-Јавното обвинителство на Република Македонија ценеше дека не е надлежно да постапува по доставената иницијатива и ја препрати во надлежното Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на натамошно постапување“, велат од ЈОРМ.

Ова е втор ваков предмет, откако Обвинителството на ист начин постапило и по барањето на ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која побара судот да ѝ го врати пасошот.

Од специјалното обвинителство велат дека единствено тие се надлежни да постапуваат во сите три инстанци на предметите кои се под нивна надлежност.

-Законот за јавно обвинителство за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“ е јасен. Ова Јавно обвинителство е овластено да постапува во сите три инстанци во предметите по наша надлежност. Во овој контекст ние постапивме и кога беше поднесено БЗЗ во случајот „Труст“ бидејќи и во тој случај надлежно обвинителство беше токму ова јавно обвинителство“, велат од СЈО.

Извор – А1он

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави