fbpx
18.7 C
Skopje

Груевски за “Космос“ на Фијат Цаноски

АКТУЕЛНО

Едниот случај за кој ме обвинуваат е Космос – ТНТ. Ниту јас, ниту министерот за транспорт немаме никакви ингеренции за рушење на тој објект, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето на ТВ Нова.

Таму се случува следното. Инвеститорот т.е. Фијат Цановски добива дозвола да гради зграда. Има стандарди кога ќе се добие зграда, во зависност од тоа колкава е зградата, колку треба да има подземни гаражи. Согласно тие стандарди излегува дека тој треба да има две нивоа, односно подземни гаражи на две нивоа, два спрата под земја. Тој почнал да гради и во еден момент дошле до вода. Водата значи дека треба да се употребат многу повеќе пари за шипови и слични работи кои чинат повеќе пари. Човекот најверојатно сакал да заштеди и решил да гради еден кат гаража, наместо два и да заштеди милион или два милиони евра. Тој верувал дека благодарение на неговата пратеничка функција, понатаму ќе издејствува дека дивоградбата ќе му биде овозможена надвор од законите. Инспекциите по увид му изрекле документ дека има дивоградба и дека мора да ја сруши. Тој веднаш се жалел на второстепена комисија и изгубил. Потоа пуштил тужба на судот, па свесен дека ќе изгуби ја повлекол тужбата и побарал од општината да му ја смени градежната дозвола. Потоа тој губи од сите судски инстанци и на крајот објектот се руши. Има покренато против градоначалникот некаква постапка, а за мене постапката е дека јас сум бил поттикнувач. Во целиот предмет има само една изјава против мене, без никакви докази. Тоа е изјавата на Фијат Цановски и неговиот син, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за ТВ Нова на прашањето за неговата улога во случајот ТНТ.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви докази дека тој е нарачателот за рушење на градбата на Фијат. Ова е театрален случај во кој единствен доказ е изјавата на Фијат кој тврди дека политички сум го рушел бидејќи бевме политички противници, додаде тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -