fbpx
12.8 C
Skopje

Гутереш потврди: Двајца експерти на ОН во Конго се пронајдени мртви

АКТУЕЛНО

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш потврди дека двете тела, откриени во ДР Конго им припаѓаат на двајца експерти на Светската организација, кои истражувале случаи на кршење на човековите права во оваа африканска земја, јави ДПА.

Посмртните останки на Американецот Мајкл Шарп и Швеѓанката Сајда Каталан беа пронајдени во понеделникот од мировници на ОН во близина на градот Кананга.

Освен телата на двајцата експерти на ОН, беше пронајдено е уште едно тело.

Гутереш вети истрата за нивната смрт и ги повика властите на ДР Конго да го сторат истото.

Регионот е зафатен од насилство, во кое според податоците на ОН, загинале стотици лица, а 200 илјади се раселиле.

Шарп и Каталан, заедно со четворица придружници Конгоанци беа киднапирани од непознати напаѓачи на 12 март.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -