fbpx
4.8 C
Skopje

Гвардиола го откри најважниот фактор за трофејната сезона на Манчестер Сити

АКТУЕЛНО

Манчестер Сити ја заврши сезоната со трофеј во Премиер лигата и Лига купот, а менаџерот Пеп Гвардиола е задоволен од она што го покажаа неговите фудбалери и покрај големите предизвици на повеќе фронтови.

Шпанскиот стручњак смета дека сезоната завршила на таков начин пред се поради човечкиот карактер на своите фудбалери.

– Минатата, а посебно оваа сезона, наш силен адут беше односот во соблекувалната. Поточно, човечкиот квалитет на моите фудбалери и начинот на кој соработуваа со сите околу, тоа според мене е најголемата тајна и она што беше многу важен фактор, – вели Гвардиола.

Тој не се согласува дека неговиот Сити е најдобар тим во историјата на Премиер лигата.

– Не би рекол дека сме најдобри. Јас ги поддржувам луѓето кои велат дека за да биде најдобри во историјата, треба да освоите повеќе трофеи. Ние досега освоивме само една титула во Премиер лигата, – смета менаџерот на Сити.

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -