fbpx
24.8 C
Skopje

Гвардиола малку потроши на дефанзивата па носи нов одбрамбен играч од 70 милиони евра

АКТУЕЛНО

Голем број на извори од Шпанија пишуваат дека Манчестер Сити е пред нова трансфер бомба, „Граѓаните“ за 70 милиони евра го купуваат Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао

Пеп Гвардиола ја создаде најскапата одбрана во светот на фудбалот откако изминатово лето во рок од десетина дена потроши околу 130 милиони фунти за ангажман на Кајл ВокерДанило и Бенџамин Менди(плус искешира и 30 милиони фунти за голманот Едерсон).

Во 2016 Шпанецот плати и околу 50 милиони фунти за Џон Стоунс, а кога дојде на Етихад веќе ги имаше Елиаким Мангала за кого беа потрошени околу 42 милиони фунти, како и Николас Отаменди за кого беа платени околу 32 милиони фунти.

Но очигледно Пеп Гвардиола не е задоволен од последната линија, па Сити сега се надминува и за 70 милиони евра (околу 62 милиони фунти) ја носи дамнешната желба на својот менаџер.

Голем број на извори од Шпанија доцна вечерва пренесоа дека Ајмерик Лапорт ги известил лидерите на Атлетик Билбао дека сака нов предизвик и има намера да ја зграпчи шансата да соработува со еден од најдобрите тренери во светот на фудаблот.

Французинот веќе се договорил со Манчестер Сити и со тоа се отвара вратата за лидерот во Премиерлигата да ја активира откупната клаузла на играчот вредна 65 милиони евра. „Граѓаните“ исто така ќе платат и додатни 5 милиони евра за тренинг компензација.

Останува да се види дали ќе се реализираат овие најави, бидејќи и во 2016 се беше договорено но Ајмерик Лапорт во последен момент се откажа од преселба во Манчестер Сити.

24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -