Новиот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, ќе има нов премиера на клупата на Баварците против Фрајбург утре.
Искусниот 73-годишник го замени Карло Анчелоти, а веќе најави голем број промени.
„Баерн досега има примено седум гола, што е многу. За да бидете успешни мора да бидете стабилни во задниот дел. Свен Улрих е добар голман, тој направил грешка или две, но тие работи се случуваат. Одбраната мора да биде покомпактна за да ја олесни работата. Важно е да бидете креативни во нападот, но одбрана мора да се игра. Секој мора да учествува во тоа“, вели Јуп Хајнкес.
Сè се менува, па дури и системот на игра. Од 4-2-3-1 Баерн ќе премине во 4-3-3. Нема ротирања.
„Сегашната екипа е многу подобра од онаа со која освоив тројна круна пред неколку години. Ротациите не се земаат во предвид, затоа што најпрво морам да најдам идеални 11. Имам доверба во овие играчи. Системот ќе зависи од играчот, но јас преферирам 4-3-3“, додава Хајнкес.
Хавиер Мартинез повеќе нема да игра како стопер.
„Хавиер не игра долго во средниот ред и мора повторно да се навикне. Сакам да ја стабилизирам одбраната, и ќе ми биде полесно да се поврзам со него. Морам да ги размрдам и другите играчи. Матс Хаммелс е светска класа, Боатенг, исто така кога е во форма, Алаба мора да се врати на претходното ниво“, заврши искусниот стратег.