fbpx
18 C
Skopje

Хан со категорично НЕ за средба со основачите на „За заедничка Македонија“

АКТУЕЛНО

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре пристигнува во Скопје заедно со тројцата европратеници  Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл. Тој ќе се сретне со претставници на политичките партии во Република Македонија.

Иако граѓанската организација упати јавно барање за средба со Хан, сепак, еврокомесарот нема да има простор во агендата за средба со водачите на граѓанската организација.

„Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе“, рече портпаролката на европската комисија – Маја Коцијанчич.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -