fbpx
19 C
Skopje

Хан со лекција за Иванов: Во вакви моменти во државата, претседателот мора да остане дома

АКТУЕЛНО

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан имаше интервју за „Канал 5“, каде даде одговор на интересни прашања, меѓу кои му порача односно додели лекција на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

„Навистина многу ја почитувам институцијата шеф на држава. Во сите демократски земји, во вакви времиња, особено кога улогата на претседателот е важна, мислам дека тој треба да остане дома и да се обиде да биде дел од преговорите за решавање на кризата“, истакна Хан.

Хан доби интересно прашање и околу правилото победник да коалицира со победник, каде посочи во начинот на кој се толкува Уставот, победник може да биде бројот на пратенички места, но и евентуално мнозинство доколку некој го обезбеди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -