fbpx
28.8 C
Skopje

Хан утре ќе се сретне со Заев, по што ќе присуствува на тематска седница на Владата

АКТУЕЛНО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре ќе се сретне со Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, соопшти владината прес-служба.

Предвидена е средба на делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на Европската унија предводена од еврокомесарот Хан.

По средбите ќе се одржи тематска седница на Владата на Република Македонија посеветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и еврокомесарот Хан.

По завршувањето на тематската седница на Владата ќе се одржи прес – конференција на премиерот Заев и еврокомесарот Хан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -