fbpx
17.8 C
Skopje

Хаос на Закинтос – Одрон на најпопуларната плажа, туристка тешко повредена од карпата, се трага по исчезнати

АКТУЕЛНО

Најмалку една жена е повредена, а се стравува дека тројца исчезнале кога се одронала карпа на популарната плажа на островот Закинтос, соопштија грчките власти.

Припадниците на крајбрежната служба се обидуваат да утврдат дали има исчезнати.

До одрон дошло на плажата Навагио на северозападниот дел од островот.

Припадниците на крајбрежната стража соопштија дека една странска државјанка е повредена и дека е префрлена во локалната болница.

Локалните медиуми пренесоа изјави на очевидци дека голема карпа паднала во море и создала голем бран кој ги потопил малите бродови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -