fbpx
6.8 C
Skopje

Во интернат: Четири тинејџери злоставувале своја соученичка: Девојчето останало бреемено, училиштето молчело за случката (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Четири млади момчиња од градот Дехрадун во Индија, сексуално злоставувале своја соученичка во интернатот во кој што престојувале, при што девојчето останало во блажена состојба.

Според информациите, девојчето било силувано на 14. август, а кога вработените во домот дознале за настанот, присилно се обиделе да го натераат малото девојче да изврши абортус, давајќи му напитки помешани со дрога.

Девојчето освен на вработените, проблемот го пријавила и кај нејзинот брат со кого престојувала во домот за ученици.

Како што пренесуваат од полицијата, девојчето нападот го пријавило и на медицинските работници во склоп на домот, но и тие се обиделе да го сокријат ова грозоморно дело.

Од полицијата јавуваат дека поради тоа, уапсени се директорот на школото, административен работник, неговата сопруга, како и личноста задолжена за домот за ученици. Тие веднаш биле лишени од слобода со цел земање на изјави кој ќе користат во подетално расветлување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -