Паметен студент од Кентаки дизајнира и шие маски за лицата кои се глувонеми или имаат проблеми со слухот.
Ешли Лоуренс кој партиципира во високото образование за глуви и лица со оштетен слух на Универзитетот во Кентаки, почнал да приметува колку луѓе изработуваат маски во оваа кризна состојба во која се наоѓа целиот свет, но не забележала никој да изработува посебни маски за лицата со оштетен слух или за лицата кои се глувонеми.
Поради таа причина, Ешли се одлучила да ја преземе работата во свои раце и почнала најпрвин да ги дизајнира а потоа и да ги шие маските.
Маските се изработени со проѕирни екрани преку подрачјето на устата за да се овозможи читање од усните на луѓето кои ги носат.
Овие провидни екрани им овозможуваат на оние кои комуницираат со луѓето да им читаат од усни на оние кои ги носат маските.
Ова исто така им овозможува на луѓето попрецизно да ги гледаат изразите на лицето на лицето што стои зад маската, што ќе биде важен фактор за оние што комуницираат користејќи знаковен јазик.
Таа вели дека знаковниот јазик и читањето од усни е основен начин за комуникација помеѓу глувите и наглувите лица.