Во купот дрва среде Вардар, кај мостот Обединети Нации во Влае, денес се заглави маче.
Граѓани и здруженија за заштита на животните алармираа за состојбата и јавно побараа некој да му помогне на заглавеното маче кое плачело утрово.
Оваа драма имаше среќен крај. Мачето е спасено.
Како што пишува на социјалните мрежи, маченцето е спасено од Дарко Димитровски.
Мачето од Вардар е СПАСЕНО! 👏👏👏👏Херој на денот е Darko Dimitrovski !!!Фала ти Дарко, ни ја врати вербата во луѓето 👏❤️
Posted by Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ – Civic Initiative #kanekorzomk on Tuesday, December 17, 2019