9 C
Skopje

Холандија донира една милијарда евра во „корона фондот“ на ЕУ

АКТУЕЛНО

Холандската Влада ќе донира една милијарда во така наречениот корона фонд, чие формирање се покренува во рамките на Европска Унија.

Средствата се наменети за земјите кои се тешко погодени од епидемијата, а не располагаат со доволно финансиски средства за набавка на неопходната медицинска помош.

Холанскиот министер за финансии Вопке Хукстра истакна дека станува збор за подарок, а не за позајмица.

– На тој начин Холандија сака да даде значителен придонес за здравството во Европа, посочи Хукстра.

Средствата ќе бидат наменети за борба против кризата со новиот коронавирус за земјите кои ќе покажат дека им е потребна помош. Утврдувањето на условите за пристап до средствата, како и начините на кои ќе се врши контрола на издадоците се следен чекор од планот.

Вкупната сума на „корона фондот“ ќе зависи од придонесот на земјите-членки на Унијата.

За разлика од фондот на Европски стабилизациски механизам (ЕСМ), клучот за распределба на средствата нема да биде однапред определен, ниту е обврзувачко учеството на сите земји-членки на ЕУ.

Претходно, холандскиот премиер Марк Руте и Хукстра беа остро критикувани од страна на нивните колеги во ЕУ, посебно од страна на италијанскиот и шпанскиот премиер, како и од претседателот на Европски совет, Чарлс Мишел поради тоа што се против издавање на евро обврзница.

Хукстра нагласи дека Холандија и понатаму е категорчно против издавање на евро обврзница, истакнувајќи дека од таквиот финансиски инструмент првенствено ќе профитираат земјите со послаба економија. Тој додаде дека евро обврзницата е во спротивност со начелото за автономија на државниот буџет на секоја земја-членка.

Италија, Шпанија, Франција и Белгија позитивно се изјаснија за издавање на евро обврзница.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Караџовски: До последните капки пот од нос ќе работиме

Д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција напомена дека најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност,...

Заврши најновата владина седница: Донесени се следните одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година...

Ковачев: Наместо бугарски фашистички окупатор пред споменицоте да стои бугарска администрација составена главно од Македонци

Откако министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во едно од своите телевизиски интервјуа се закани дека ќе испрати полк во Македонија кој ќе...
- Advertisement -