fbpx
2.8 C
Skopje

Холандија се бори со дебелината: Властите сакаат да забранат брза храна

АКТУЕЛНО

Властите во Холандија се залагаат за законски процедури за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, објави НЛ Тајмс.

Од таму велат дека станува збор за обид на борба против дебелината.

Имено, Властите од градовите Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед испратиле писмо до државниот секретар за здравство, благосостојба и спорт Пол Блокхаис во кое се бара поголемо овластување, вклучително и намалување на бројот на ресторани за брза храна.

Во писмото се додава дека прашањето за забрана на брза храна во рестораните е тешко, со оглед на тоа дека градовите имаат мала можност да го намалат бројот во согласност со законот за животна средина.

„Бидејќи ја гледаме храната како индивидуален избор, општините и владите не можат да интервенираат во ова преку закон за животна средина“, рече Аника де Рутер, доцент на Универзитетот во Амстердам.

Министерството за здравство, социјална заштита и спорт работи со општините за да помогне да се подобри средината во поглед на храната во регионите. Дел од ова ќе биде проучување на прашањето за доделување дополнителни овластувања на регионите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -