fbpx
19.8 C
Skopje

Хороскопски знаци кои се најмногу љубоморни на своите партнер(к)и

АКТУЕЛНО

Мислевте дека сите хороскопски знаци се подеднакво љубоморни и посесивни? Тоа не е баш најточно. Додека има такви кои не можете да ги „извадите од такт“, без оглед што да правите, другите „горат“ од љубомората и помислата да видат конкуренција во ваша близина.
Оние, на кои љубомората, поради положбата на ѕвездите во моментот на раѓањето им задава најголема мака се Риби, Скорпија, Лав, Овен и Бик.

Риби
Рибите се постојано љубоморни кога се во врска. Тие имаат најголем страв од напуштање, па затоа често замислуваат некои работи што не се случуваат. Ако нешто им стане сомнително, тие исто така се подготвени да го шпионираат својот партнер за да видат за што станува збор.

Скорпија
Луѓето родени во знакот на Скорпија имаат најголеми потешкотии да ги контролираат испадите на љубомора. Тие се многу посесивни и не сакаат кога нивната подобра половина е во друштво на спротивниот пол, кога тие не се присутни.

Лав
Најголемите егоисти, Лавовите, никогаш не сакаат да бидат надвор од центарот на вниманието. Тие лесно можат да станат љубоморни и на вашата најдобра другарка исто така, доколку посветите премногу внимание на истата

Овен
Може да биде љубоморен дури ако мисли дека неговиот партнер се забавува повеќе, а работите стануваат полоши доколку партнерот се забавува со други. Тие сакаат да бидат број еден, а најмногу се љубоморни во љубовните врски.

Бик
Посесивни се и може да го гледаат партнерот како сопственост. Имаат проблем со заборавањето. Такви се затоа што вложуваат многу труд и време во врската и сметаат дека нивните партнери треба да се само нивни.
Извор: vecer.press

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -