5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Хорват трагичар за Хрватска: трилер завршница со среќен крај за Норвешка!

Ракометарите на Норвешка се вторите финалисти на Светското првенство во Франција, откако во полуфиналната средба по голема драма ја елиминираа Хрватска во победа од 28:25, дури по продолженија, откако во регуларниот дел средбата заврши без победник 22:22.

Тврд натпревар со цврсти одбрани и неефикасни напади одиграа двете репрезентации, водството често се менуваше, а трагичар за Хрватска беше Златко Хорват, кој по истекот на регуларните 60 минути, не успеа да погоди од пенал за победа.

Во победничкиот табор најрасположен за игра беше голманот Бергегуд со 16 успешни интервенции. Мирхол беше најефикасен со 6 погодоци, Бјорсен имаше 5, додека по 4 погодоци постигнаа Сагосен и Танген. Кај Хрватска, најефикасен беше Хорват со 6 погодоци, но е трагичар, бидејќи не го реализираше пеналот кој ќе значеше финале.

Оваа победа на Норвешка значеше и одмазда кон Хрватска, за поразот на Европското првенство минатата година, каде „коцкестите“ во борбата за бронза славеа и ги оставија Норвежаните без медал. Во финалето Норвешка ќе игра против Франција, додека во битката за бронзениот медал ќе се сретнат Хрватска и Словенија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави