fbpx
24.8 C
Skopje

Христијан Мицкоски откри кога ќе биде познато дали ќе гласа на референдумот

АКТУЕЛНО

Иако ВМРО-ДПМНЕ во вторникот пред полноќ го повика гласачкото тело да гласа на референдумот на 30 септември по своја волја, или пак да не излегува, но лидерот Христијан Мицксоки не објави дали тој лично ќе се изјасни на самиот ден.

Синоќа во емисијата „24 Анализа“ истакна дека јавноста тоа нема да го знае се до самиот ден на одлучувањето на 30 септември.

„Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не е важно. Важно е дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за овој капитулантски договор. На овој референдум, овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање, туку прашањето е трозначно, манипулативно и има задача да внесе забуна кај граѓаните”, изјави Мицкоски.

Претходно, во една прилика тој наведе дека ќе гласа, но „против“, а за 24 Вести во интервјуто рече дека се повлекува од таа изјава и дека истата повеќе не важи.

Во меќувреме потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчлев, рече дека ќе учествува на граѓанското изјаснување со глас „против“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -